Email: advokat@nt-law.mklaw-office@nt-law.mk 

Тел. (+) 389 2 3 125 165; (+) 389 (0) 76 43 53 33

Languages

Добредојдовте на нашиот сајт, 
Адвокатска канцеларија Никола Тодоровски.

Почитувани,

Адвокатската канцеларија е основана со намера на своите клиенти да им овозможи целосна правна заштита во сите правни области.

Добриот совет, мислење или дадена правна помош влијае на животот на секој поединец, како и во работата на секое правно друштво.

Целта ни е, да Ви излеземе во пресрет, на наизглед проблематичните ситуации, со изнаоѓање вистинско правно решение.

Адвокатската канцеларија обезбедува широк спектар на правно застапување, советодавна помош и проверено водење на постапки како за домашни, така и за меѓународни клиенти. 

Шаренилото на понудени услуги произлегува од желбата на клиентот да му се понуди целосна услуга. 

На овој начин сакаме да им помогнеме на нашите клиенти во најсложените проекти и постапки во земјата и во странство, а воедно и да понудиме сеопфатна правна помош во многубројните области на работење.
Со нашите клиенти кореспондираме на повеќе јазици, како и на англиски, грчки, албански, германски, италијански, хрватски, српски, турски, и pуски јазик. 

Во зависност од комплексноста на случајот и опсежноста на потребното правно знаење, по потреба нашиот работен тим вклучува и надворешни експерти заради обезбедување на потполни и најефикасни решенија. 

Адвокатската канцеларија редовно соработува со ценети и угледни домашни и странски експерти, со врвни професори на Правниот и Економскиот факултет како и со одредени научни институти и специјализирани државни и приватни агенции.

Меѓународното работење на нашите клиенти предизвика потреба за отворање на поврзани Адвокатски канцеларии. 

Ви благодариме на Вашиот интерес и се надеваме на плодна соработка.