Email: advokat@nt-law.mklaw-office@nt-law.mk 

Тел. (+) 389 2 3 125 165; (+) 389 (0) 76 43 53 33

Languages

Адвокатурата е независна и самостојна професионална дејност која постои исклучиво за давање правна помош во остварувања и заштита на со Уставот утврдените слободи и права и други законски утврдени права и интереси на домашни и странски физички и правни лица.

Адвокатот е должен во тајност и доверливост да го сочува тоа што клиентите му го довериле.

Адвокатот е должен да ја запазува независноста на адвокатската професија.

Адвокатот е должен во својата професионална работа и одлучување да постапува слободно, самостојно и во согласност со своите уверувања, без да подлежи на притисоци, закани и влијанија од чија страна и да доаѓаат, и без да се води од туѓи интереси и авторитети, освен тие на неговиот клиент и на авторитетот кој произлегува од правната наука, Уставот и законите, како и Статутот и Кодексот за професионална етика на адвокатите.

Адвокатот е должен за својата професија совесно и грижливо, одлучно и благовремено, со искреност пред клиентот и со целосна посветеност во предметот на работа кој му е доверен да ги употреби сите свои знаења и способности и сите правно допуштени и оправдани средства.