Email: advokat@nt-law.mklaw-office@nt-law.mk 

Тел. (+) 389 2 3 125 165; (+) 389 (0) 76 43 53 33

Languages

Адвокатската канцеларија дава сеопфатна правна услуга во склад со Вашите конкретните потреби.

Под правни услуги кои се опфатени, се подразбираат следните области:

  1. Давање бесплатни правни совети;
  2. Основање правни друштва, промени во друштвата, постапки на ликвидација;
  3. Спремање на целосна тендерска документација пред домашни и странски државни органи;
  4. Состав на тужби, жалби, молби, претставки и други поднесоци и постапки пред судовите од облигациони, кривични, наследни, имотни, и работни правни односи;
  5. Состав на договори, тестаменти, изјави и други исправи;
  6. Застапувања на физички и правни лица пред домашни судови и државни органи;
  7. Застапувања на физички и правни лица во нивните правни работи во врска со основање на договори како и порамнувања;
  8. Услуги во врска со останати работи и правна помош во име на физички и правни лица во остварувања на права.

Особено сме упатени во давање услуги пред меѓународниот суд за човекови права, при повреди на правата кои се случиле пред домашните судови и државните органи.

Во соработка со стручни лица од областа на градежништвото даваме комплетни услуги поврзани со откуп на земјиште, изградба на објекти, адаптација, реконструкција, и тоа од почеток на собирање на неопходна документација до добивање на неопходни одобрение од државни органи па се до реализација на проекти.